Вардаровата генерација родени “2004„ година на убедлив начин се пласираа во полуфиналето на купот, откако денес на теренот на Академија на реванш мечот против екипата на Пелистер, славеа високо со резултат 8:1.
Само 11 минути ни беа потребни да постигнеме два гола, а истите беа дело на Бесар Гуџуфи, и тоа во 7 и 11.минута од мечот за предност од 2:0. Само десет минути подоцна, или во 21 минута, Вардар успеа да ја зголеми предноста на 3:0 преку Давор Серафимов, додека шест минути подоцна, со хет-трик на Бесар Гуџуфи, црвено-црните имаа високо водство и од 4:0. До крајот на првиот дел постигнавме уште еден гол, а истиот беше дело на Левент Ибраим, за на одмор да заминеме со високи 5:0, по што веќе беше познат патникот во 1/2 финалето од купот.
Во вториот дел паднаа уште четири погодоци, од кои три беа во мрежата на битолчани. Сите голови во овој дел од мечот беа дело на Бесар Гуџуфи, вкупно шест за овој играч на реванш дуелот.
Вардар: Ангелов, Љушев, Хајдари, Милошевски, Јаневски, Павлески, Идризи, Гуџуфи, Серафимов, Ибраим, Стојановски.
Со вкупен резултат од 10:1, Вардар ги продолжува настапите во купот. Во игра во второто полувреме влегоа уште и Дошев, Анчевски, Попов, Силјановски, Ѓорѓиевски, Ивановски и Перковски.