Вардаровата генерација “2004′ ќе игра во полуфиналето на купот, откако денес на теренот на Академијата убедливо ги совладаа врсниците од Милано и тоа со убедлива победа од 8:0. На првиот натпревар одигран во Куманово, натпреварот заврши со нерешен резултат од 1:1.
Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Гигов, Милошевски, Љушев, Јаневски, Анчевски, Серафимов, Каровски, Павлески, Попов, Хајдари, Стојановски.
Вардарци уште во втората минута успеваат да го отворат резултатот, откако од корнер со глава погоди Георг Стојановски. Денес за изведување на корнери од десната страна беше задолжен Никола Анчевски, кој се покажа како одличен изведувач. Токму тој нафрли, кој го пронајде Стојановски на вистинското место, кој од непосредна близина ја погодува противничката мрежа, за предност од 1:0. Истиов играч успева набрзина да му донесе зголемена предност на својот тим од 2:0, откако поради едно невнимание во одбраната на Милано, Сојановски собра топка кој беше сам со голманот на кумановчани и немаше проблем да ја смести во мрежата.
Во прилика се најде и Никола Павлески, но остана без реализација. Милано не беше рамноправен противник и во првие 40 минути не упати ниту еден директен удар кон голот на Гигов, кој беше без работа. Напротив чуварот на мрежаа од спротивната страна, кој беше принуден уште еднаш да ја вади топката од својата мрежа, откако Давид Љушев успева од повеќе од 25 метри со силен удар, да го матира голманот на Милано, кој ја зафати топката, но не доволно да не заврши во неговата мрежа, за предност од 3:0. Во продолжение се обиде и Стојановски директно од слободен удар, кој го брани голманот на Милано, како и Попов Горазд кој за дел од секундата каснеше во обидот да се најде во добра позиција за погодок.Првата измена на натпреварот ја направи тренерот Кралевски, кој од игра го повлече Каровски, а на негово место го уфрли Димитар Стоимов. Во последната минута од првиот дел, нов четврти гол за Вардар и зголемено водство од 4:0. Никола Анчевски уфрли од корнер, а еден од играчите на Милано сакајќи да ја исфрли топката, истата заврши во нивниот гол. Веднаш после ова, главниот судија означи крај на првите 40 минути.
Втора измена на стартот на второто полувреме. Во игра е Матеј Богдановски, на местото на Анчевски. Првите пет минути од вториот дел поминаа без некоја поголема прилика. Тренерот Кралевски се реши да им даде шанса на сите игрчи кои му беа на располагање за денешниот дуел. На местото на Хајдари, Серафимов, и Попов, во игра се Гуџуфи, Јовановски и Стефан Стојановски. Во следниот период од играта два нови гола за екипата на Вардар и тоа повторно за Георг Стојановски, за кој ова беше четврти гол на натпреварот, за веќе убедливи 6:0.
Во игра се Сурлов и голманот Ангелов, на местото на Љушев и Гигов. Црвено-црните последние 20 минути од мечот ги одиграа рутински, речиси и со половина од своите сили и можности успеаа да постигнат уште два гола во мрежата на гостинскиот тим од Куманово. Во листата на стрелци се запишаа токму нововлезените Димитар Стоимов, кој од некаде 16 метри бие силно за водство о 7:0, додека печат на денешната добра игра на оваа генерација на Вардар, стави Филип Јовановски, за конечен резултат од 8:0. Мора да се напомене дека првиот директен удар кон нашиот гол, екипата на Милано го имаше во 80 минута, кога успешно одбрани Ангелов. Тоа беше се што видовме од денешниот противник.
Со вкупен резултат од 9:1, генерацијата “2004“ на ФК Вардар успеа да се пласира во полуфиналето на купот. Тие исто така се лидери и во регионалната-скопска лига, каде сигурно атакуваат на шампионската титула.