Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровата генер. “2004“ под водство на Кралевски го победи Милано и сигурно чекори кон освојување на регионалната-скопска лига
Вардаровата генер. “2004“ под водство на Кралевски го победи Милано и сигурно чекори кон освојување на регионалната-скопска лига

Вардаровата генер. “2004“ под водство на Кралевски го победи Милано и сигурно чекори кон освојување на регионалната-скопска лига

Утрово на теренот во Куманово, одложеното коло во рамките на регионалната-скопска лига го одиграа генерациите родени “2004“ на ФК Милано и ФК Вардар. Нашите млади надежи кои се предводени од тренерот Игор Кралевски стигнаа до својата 13-сета последователна победа, со која уште повеќе се зацврстија на врвот на табелата, токму пред екипата на Милано, која е второпласирана.

Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ангелов, Павлески, Љушев, Серафимов, Каровски, Стоимов, Гуџуфи, Попов, Перковски, Милошевски, Јаневски (c).

Резерви на овој натпревар беа: Сурлов, С.Стојановски, Ивановски, Анчевски, Гигов, Ибраим.

Вардар триумфираше со конечен резултат од 0:3, а по првиот дел имавме минимално водство од 0:1. Резулататот во 22 минута го отвори Бесар Гуџуфи, кој ја погоди противничката мрежа и донесе водство за црвено-црните. Иако имавме уште неколку шанси за погодок, сепак резултатот од 0:1 беше актуелен по првите 40 минути од овој дуел.

zk4

И во второто полувреме домашниот тим од Куманово беше во подредена улога, додека вардарци постојано атакуваа на голот на Милано и сакаат да го зголемат резултатот. Тоа се случи по само 12 минути игра во вториот дел, кога иницијативата ја претвараме со втор гол, за водство од 0:2, а стрелец беше Горазд Попов во 52 минута од натпреварот. Домаќинот речиси и да не се закани посериозно кон нашиот гол, а Вардар до крајот на натпреварот погоди уште еднаш и тоа со првиот гол денес на Георг Стојановски, кој ги постави конечните 0:3 на овој одложен дуел, од регионалната-скопска лига.

Ова беше 13 последователна победа за Вардар во лигата, од исто толку одиграни натпревари. Сега бодовната предност помеѓу Вардар и Милано се зголеми на десет бодови, а црвено-црните имаат и меч помалку од противникот. Избраниците на Игор Кралевски демонстрираат одличен фудбал оваа сезона и се без конкуренција во лигата, која се повеќе e очигледно дека на крајот од сезоната и ќе ја освојат, како дебитанти во ова натпреварување.

Во игра влегоа и Ивановски, Сурлов и Стојановски С.