Финале за генерацијата “2005“ на фудбалскиот клуб Вардар, кои утрово го совладаа својот противник, во рамките од полуфиналето на турнирот “Пирин Куп“. Црвено-црните беа подобри од екипата на Панасераикос со резултат од 2:1. Играчите на одлука беа Филип Јовановски и Матеј Гаштаров кои прецизно стрелаа во мрежата на противникот.
По првото полувреме резултатот беше 1:0 во корист на црвено-црните, откако Филип Јовановски погоди, на одбиена топка, откако претходно шутираше Никола Величковски. Овој резултат беше и актуелен на полувреме.
Вардар беше подобар на овој дуел и заслужено се пласираше во големото финале. Иницијативата ја претворивме со втор гол, дело на Матеј Гаштаров кој блеска на овој турнир и е предводник на својата екипа. Токму со неговиот гол зголемуваме на 2:0. На пет минути пред крај, Панасераикос успева да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 2:1, што на крајот се покажа и како конечен на ова полуфинале.
Во големото финале, ќе го чекаме победникот од дуелот, Витоша и Царско Село, двете екипи се од Софија. Нашите млади надежи предводени од Андовски имаат време сега за одмор и мислите ќе бидат насочени кон утрешното финале на турнирот.