Генерацијата “2008“ на ФК Вардар се пласираше во полуфиналето на детската лгиа. Утрово на терените на ФФМ стартуваше завршниот турнир во ова масовно натпреварување, на кое учество земаат најдобрите екипи од сите региони во Македонија.
Избраниците на Павел Неделковски беа успешни во четвртфиналето од екипата на Дарданет. Триумфиравме многу убедливо со резултат од 10:1. Уште во првите секунди од овој меч ги имавме првите удари, кога се обидоа Трпевски и Дамјаноски. Набргу стигна и првиот гол за Вардар и отварање на резултатот за 1:0, а него го постигна најмладиот, генерациски родени “2010“ година, тоа е Лука Трпевски кој му донесе водство на својот тим. Не помина ниту една минута, кога Вардар го зголеми резултатот на 2:0 преку Стефан Бранковски, откако во улога на асистент се најде Арти Азизи.
Немавме проблеми да го совладаме противникот, едноставно колку и да посакавме можевме да постигнеме голови, сепак силите се чуваа за полуфинаелтниот дуел, кој исто така го играме во текот на денешниот ден. Затоа тренерот Неделковски им даде шанса за настап на сите играчи на овој дуел. Следните минути му припаѓаат на Арти Азизи, кој најпрво бие а одбрани голманот, додека во следниот напад ја погоди и стативата од голот на Дарданет. Сепак во неговиот трет обид успеа да се запише во листата на стрелци и со лоб удар да го зголеми резултатот на 3:0. Поради недоразбирање на нашата одбрана и голманот Грчевски, противникот успева да постигне почесен гол, кој на крајот ќе се покаже и како единствен за нив, и успеа да намали на 3:1.
Сепак црвено-црните беа премногу надмоќни на овој дуел и постојано создаваа шанси за погодоци. Следните два гола се дело повторно на Лука Трпевски, за кој ова беше хет-трик, со што го зголемивме резултатот на 5:1. Уште еден гол во првиот дел, дело на Матеј Киш, кој успеа да го постигне својот прв гол, за на полувреме да имаме водство од 6:1.
Во вториот дел игравме доволно колку за да го одработме натпреварот. Сите играчи си добија своја минутажа, која маскимално ја искористија на теренот. Капитенот на Вардар, Ненад Дамјаноски прв ја затресе противничката мрежа во вториот дел и зголеми на 7:1.Прв гол на денешниот дуел и за Филип Сребров, со кој го зголемивме резултатот на 8:1. Имавме уште неколку удари кон голот на Дарданет, кои останаа без реализиција. Освен тоа не успеваме да реализираме удар од белата точка, откако ударот на Дамјаноски беше успешно одбранет. Сепак постигнуваме нов гол и тоа за 9:1, дело на Стефан Бранковски. Откако Дарданет направи три корни, беше досуден пенал, а истиот успешно го реализира Матео Кесиќ, за да ги постави конечните 10:1 на овој дуел.
Во полуфинаелето кое се игра денес од 16:30 часот, ќе играме со подобриот од дуелот помеѓу Фљамуртари и Прилеп.