Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардаровите генер. 2004 и 2005 останаа лидери и после одигрување на првото пролетно коло во регионалната-скопска лига
Вардаровите генер. 2004 и 2005 останаа лидери и после одигрување на првото пролетно коло во регионалната-скопска лига

Вардаровите генер. 2004 и 2005 останаа лидери и после одигрување на првото пролетно коло во регионалната-скопска лига

Изминатиов викенд на програмата беше и првото пролетно коло во регионалната-скопска лига, во кое активни беа генерациите на ФК Вардар родени 2004 и 2005 година, кои забележаа по една победа и пораз во дуелите со екипата на Шкендија.

Вардаровата генерација 2004 под водство на Петар Георгиевски дојде до голем и важен триумф на тешкото гостување во Тетово, три бода, со кои се вратија на првото место на табелата, пред екипата на Работнички. Тоа беше вкупно деветта победа за црвено-црните, со која стигнаа до 28 освоени бодови, додека на втората позиција се наоѓа тимот на Работнички кој има 26 бодови. Трета е Шкендија со 24 бодови, но и натпревар повеќе од Вардар.

Прв пораз сезонава претрпе генерацијата 2005 на Вардар, која беше поразена во Тетово од екипата на Шкендија. После десет последователни победи стигна и првиот пораз за оваа генерација  на Вардар. И покрај поразот, Вардар остана на првото место на табелата со 30 освоени бодови, но со само три бода повеќе од екипата на Шкупи и пет бодови повеќе од Работнички и Шкендија. Треба да се напомене дека Вардар има натпревар помалку за одигрување од сите споменати конкуренти за трофејот.

Во следното 12. коло, генерациите на ФК Вардар се домаќини на екипата на Работнички, на теренот на Академијата. Ова е добра шанса за нашите генерации со триумф над градскиот ривал да се зацврстат на врвот на табелата. Генерацијата 2004 има посебен мотив за триумф, со оглед дека единствениот пораз сезонава го доживеа од екипата на Работнички, триумф на Вардар на овој дуел ќе значи и одлепување од противникот, кој е наш најголем конкурент за титулата во ова натпреварување.

Двете генерации во текот на вчерашниот ден имаа успешни настапи во полуфиналето од купот на Македонија. Генерацијата 2004 одигра нерешено (2:2) во Струмица против А.Пандев, додека генерацијата 2005 со една „нога“ веќе е во големото финале, со оглед дека триумфираше на првиот меч во Тетово против Шкендија (0:3).