Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Фк Вардар генерации родени 2004 и 2005 година учесници на турнир во Бугарија
Фк Вардар генерации родени 2004 и 2005 година учесници на турнир во Бугарија

Фк Вардар генерации родени 2004 и 2005 година учесници на турнир во Бугарија

Фудбалскиот клуб Вардар со две свои генерации, родени 2004 и 2005 година ќе учествува на првото издание на меѓународниот турнир “Balkanica CUP 2016“ кој во периодот од 17-21-ри вефруари ќе се одигра во Бугарија, во градот Сандански. Турнирот ќе се одвива во два дела, во првиот дел ќе се натпреваруваат генерации родени 2001, 2002 и 2003 во периодот од 10-14 вефруари, додека во вториот дел во кој ќе настапат и нашите млади надежи ќе биде за генерации родени 2004, 2005 и 2006 година. Учество ќе земат екипи од четири различни балкански држави и тоа Бугарија, Македонија, Србија и Грција.

Вардаровите генерации предводени од тренерите Филип Арсовски и Зоран Петковски веќе десеттина дена напорно се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната во детската лига. Токму силниот турнир во Бугарија, ќе биде вистински тест за проверка на формата на овие млади екипи.