Утре се игра последното есенско коло во Втората фудбалска лига на Македонија. Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Кадино и се надева на третата победа во низа.
За утрешниот дуел во Скопје делегиран е младиот и талентиран судија од главниот град, Василевски Александар. Ќе му помагаат Ѓошевски Влатко и Абдули Бесар, исто така од Скопје.
Утрешниот дуел започнува со почеток од 13 часот.