Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Честитки! Александар Васоски по вторпат стана татко

Честитки! Александар Васоски по вторпат стана татко

Вчера навистина беше “бериќетен“ ден во црвено-црното семејство. Девојките и момците ги примија своите пехари за шампионската сезона во ракометните лиги, принова имаше во семејството Дибиров, а татко повторно стана помошник тренерот во фудбалскиот клуб Александар Васоски. “Тетовче“ вчера  по вторпат во својот живот  стана татко, откако на свет дојде малиот Максим Васоски.

На семејството Васоски  им го честитаме новородениот син, со желби за многу здравје, среќа и убаво детство. Можеби во иднина и малиот Максим ќе тргне по стапките на славниот татко, кој ги бранеше црвено-црните бои, а подоцна одигна неколку успешни сезони во германската Бундес лига.