Пред нас е есенскиот дел од сезоната во детската фудбалска лига. Во претходните наши текстови направивме анализа на одиграните натпревари и постигнати резултати за сите генерации на фудбалскиот клуб Вардар кои се натпреваруваат во детската лига, како и за најдобрите стрелци пооделно во секоја возрасна генерација.
Што се однесува до најефикасни најефикасни играчи, во сите категории на Вардар, кои настапуваат во оваа лига, врвот е за Никола Величковски кој настапува за генерацијата родени “2005“ година. Никола успеа да постигне дури 32 голови во есенскиот дел и според статистиката е играчот кој постигнал најмногу голови. Второто место интересно е за двајца играчи, кои ја делат оваа позиција. Се работи за Арти Азизи од генерацијата родени “2008“ и уште еден играч од генерацијата “2005“ тоа е Арбин Курти кој во првиот дел од сезоната зад своето имиња имаат запишано по 26 голови. Третото место исто така го делат двајца играци, тоа се Стефан Ристиќ од најмладата генерација “2010“ која се натпреварува во детската лига, како и Давор Лефковски од генерацијата “2005“ кои постигнаа по 18 голови. Зад нив се играчите на генерацијата “2007“, тоа се Стефан Младеновски и Александар Грашески кои постигнаа по идентични 17 голови. Ненад Дамјаноски од генерацијата “2008“ постигна вкупно 16 голови.
Ова е ТОП-5 листата на најдобри стрелци кај вардаровите генерации кои настапуваат во детската лига:
1. Никола Величковски 32
2. Арти Азизи и Арбин Курти по 26
3. Стефан Ристиќ и Давор Лефковски по 18
4. Александар Грашески и Стефан Младеновски по по 17
5. Ненад Дамјаноски 16