Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > И Велковски отпадна за Розенборг
И Велковски отпадна за Розенборг

И Велковски отпадна за Розенборг

Тренерот на ФК Вардар, Чедомир Јаневски се соочува со проблеми пред утрешниот дуел со екипата на Розенборг. Најнов играч на листата на повредени кои нема да може да настапи на дуелот во Норвешка е Дарко Велковски.

Велковски им се приклучува на повредените Новак, Итало и Брдаровски кои исто така нема да бидат во комбинација за овој дуел. Ова значи дека со сигурност стоперската двојка ќе ја сочинуваат капитенот Грнчаров и Висар Муслиу. Kaко ќе се снајде овој тандем против високите играчи на Розенборг останува да видиме во текот на натпреварот.