Младиот десен бек, Давид Велковски го победи коронавирусот и се врати во комбинација за следните натпревари.
Вардар во овој момент има големи проблеми на таа десна бековска позиција, па во овој момент и те како е добредојдено враќањето на Велковски кој минатата сезона одигра 20 првенствени натпревари за Вардар.
По првите две кола Вардар има само еден бод во Втората лига – Запад, а во недела игра уште една дерби пресметка, овој пат против екипата на ФК Воска Спорт од Охрид.