Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ: Гачевски се врати во Вардар!!
ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ: Гачевски се врати во Вардар!!

ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ: Гачевски се врати во Вардар!!

ГОЛЕМО ЗАСИЛУВАЊЕ!!

Филип Гачевски е нов играч на ФК Вардар кој денес потпиша тригодишен договор со нашиот клуб. Повратникот на голот на Вардар во продолжението на првенството ќе го носи дресот со број 51.

“Огромна чест, задоволство и мотив ми претставува враќањето во Вардар. Цврсто верувам во овој нов проект на клубот и доаѓам со цел да помогнам што поскоро да се вратиме на местото кое ни припаѓа, во самиот врв на Македонскиот фудбал. Посебна благодарност до управата на клубот, до сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски со кои лесно најдовме заеднички јазик, цели и амбиции. Со нетрпение го очекувам продолжетокот на првенството повторно да заиграм пред пред најдобрите навивачи Комити,, , вели Гачевски за официјалниот сајт на клубот.