Македонската фудбалска репрезентација до 14 години се наоѓа на тренинг камп во Кичево, каде се подготвува за своите први натпревари.
Оваа новоформирана селекција на играчи родени 2008 година под водство на Раде Каранфиловски на 10 и 12.мај во Словенија ќе ги има своите први натпревари со соодветната репрезентација на оваа земја. Инаку ова е прв собир за оваа млада репрезентација на Македонија.
Селекторот Каранфиловски за овие натпревари повика и пет играчи од редовите на Вардар. Се работи за голманот, Павел Грбевски, потоа Илија Митановски, Матео Кесиќ, Душан Бојовиќ и Христијан Јевтоски.