Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Стефан, Георг и Марио повикани од селекторот Канатларовски, за пријателските дуели со Црна Гора
Стефан, Георг и Марио повикани од селекторот Канатларовски, за пријателските дуели со Црна Гора

Стефан, Георг и Марио повикани од селекторот Канатларовски, за пријателските дуели со Црна Гора

Утрово, македонската фудбалска репрезентација до 17 години замина за Црна Гора, каде во претстојниве денови ќе одигра контролни натпревари со соодветната селекција на оваа земја.

Селекторот на Македонија У17, Драган Канатларовски-Цапар за овие пријателски дуели повика и тројца играчи од редовите на Вардар. Како и на претходниот собир кој беше во Анталија, повторно во националниот дрес ќе се најдат Марио Ричков и Георг Стојановски, додека шанса ќе добие и Стефан Стојановски, за кој ова е втор повик во репрезентацијата на Македонија. Стефан игра одлично сезонава, па неговите добри игри се препознаени од селекторот Канатларовски кој ќе може да го види на дело за натпреварите со соседната земја.

Двата натпревари против Црна Гора ќе се одиграат на 6 и 8.април.