Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > После долго очекувања започнува сезоната во младите фудбалски лиги, Вардар стартува со Брегалница
После долго очекувања започнува сезоната во младите фудбалски лиги, Вардар стартува со Брегалница

После долго очекувања започнува сезоната во младите фудбалски лиги, Вардар стартува со Брегалница

После долго очекување, новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги ќе стартува од претстојниов викенд. Во рамките на 1.коло, Вардар за противник ја има екипата на Брегалница од Штип.

Најпрво во сабота, своите натпревари ќе ги одиграат пионерските екипи кои ќе гостуваат на „игралиштето Бело Брдо“ со почеток од 10:00 и 12:00 часот.

Во недела, Вардар е домаќин со кадетите и младинците на истиов противник. Своите домашни натпревари вардарци ќе ги играат на теренот на Локомотива. Истите ќе стартуваат во термините од 10:00 и 12:00 часот.