Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Ветераните на ФК Вардар и на Хит Горица ќе одиграат ревијален натпревар
Ветераните на ФК Вардар и на Хит Горица ќе одиграат ревијален натпревар

Ветераните на ФК Вардар и на Хит Горица ќе одиграат ревијален натпревар

Ветераните на ФК Вардар и на Хит Горица од Словенија на 11.октомври ќе одиграат ревијален натпревар. Истиот ќе се одигра на теренот на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар, со почеток од 11:00 часот.

Натпреварот е закажан на празникот на народното македонско востание, 11. октомври. На овој настан покана за настап ќе добијат голем број поранешни легенди на ФК Вардар, како Зоки Јовановски, Сашо Јанев, Томче Трајановски, Љупчо Марковски-Калц, Кочо Димитриоски, Драган Мутибариќ, Сашо Тодоровски, Дарко Панчев, Ѓоре Јовановски, Петар Георгиевски, Јовче Џипунов и многу други кои се очекува да го потврдат своето присуство на овој натпревар.

Секој кој ќе биде во можност, добро е да присуствува на настанот и на едно место да ги погледне поранешните легенди на најтрофејниот и најголем спортски фудбалски клуб во Македонија.