Скоро како по правило црвено – црните од Кратово повторно се враќаат со “цел плен“ . Вардарци во 9-то коло од првата лига му нанесоа пораз на ФК Силекс од 3:0 (1:0). Кај нас стрелаа Немања Мијушковиќ за 1-0 во 29минута, зголеми на 2-0 Ховханес Хамбарџумјан во 67 минута и третиот гол беше дело на штотуку влезениот во игра Јасир Асани во 86 минута од мечот.
Со победата во Кратово избраниците на Гоце Седлоски останаа единствен непоразен тим во прволигашката конкуренција и ја задржаа разликата во однос на лидерот Шкендија од Тетово на еден бод негатива. Повторно не примивме гол и натаму ја имаме најдобрата одбрана со само 5 примени гола досега и тоа на 9 меча по завршувањето на ова коло. Следи пауза во мак.фудбалот заради настап на А-селекцијата во квалификациите. За ФК Вардар на овој меч настапија следните играчи :Пачовски Томе, Попов Горан, Мијушковиќ Немања, Грнчаров Бобан, Љамчевски Благоја /од 57минута Стојков Ацо/, Блажевски Дејан /од 79минута Асани Јасир/, Дашјан Артак, Хамбарџумјан Ховханес, Николов Бобан, Ивановски Филип, Хуан Фелипе /од 87минута Темелков Александар/.
Видеото од дуелот ќе може да го погледнете - ТУКА
фото:фквардар.мк