Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Историја > (Необјавувано видео) Динамо Букурешт- Вардар меч од Купот на УЕФА, 1985 год.

(Необјавувано видео) Динамо Букурешт- Вардар меч од Купот на УЕФА, 1985 год.

Црвено-црните 1961 по освojување на трофејот во купот на Маршалот ја преставуваа тогашна СФР Југославија во фудбалска Eвропа, а втората шанса ја добиа по дури 24 години. Вардар се враќа на меѓународната сцена, освојувајќи го петото место во првенството на СФРЈ. Вардар во сезоната 1984/84 заврши со 37 бодови, еден зад Ц. Звезда, а два зад Партизан, остварувајќи скор од 16 победи, пет ремина и 12 порази со гол-разлика 67-58. Најдобриот стрелец на Југославија, една сезона претходно, Дарко Панчев, повторно беше предводник на Вардар, постигна 20 голови во оваа сезона за враќање на меѓународната сцена и заврши како втор најдобар голгетер во првенството.

Во Купот на УЕФА прв противник на Вардар беше Динамо Букурешт од Романија, а по поразот на гостувањето со 2-1 каде за нас стрелаше Рингов, црвено-црните го забележаа и првиот поголем успех, со триумфот со 1-0 во Скопје на 2 октомври 1985, со гол на Гордан Здравков, црвено-црните ја минаа првата пречка.  Во  следното видео од емисијата “Спортски Преглед“ во временскиот интервал   4:40 – 7:36 ќе може да се погледне извештајот  од натпреварот Динамо Букурешт – Вардар со коментар на Зоран Поповски.