Во сезоната 1960/61 Вардар испиша убава страница во својата историја. Вардарци го освоија Купот на маршал Тито во Белград, во финалето совладан беше тимот на Вартекс со резултат 2:1.
Резултатот беше отворен во 50 минута, Владо Николовски беше стрелец на првиот погодок. Потоа три минути подоцна и Илиевски погоди за веќе предност од 2:0. До крајот на мечот тимот на Вартекс успеа само да намали на 2:1.
ФИНАЛЕ НА КУП НА МАРШАЛ ТИТО, 28.05.1961 ГОДИНА
ВАРДАР – ВАРТЕКС 2:1 (0:0)
Стадион на Југословенската Народна Армија во Белград. Гледачи: 15.000
Судија: Божо Станишиќ (Сараево).
Стрелци: 1:0 Николовски 50, 2:0 Илиевски 53, 2:1 Пикл 59
ВАРДАР: Георгиевски, Вучидолов, Анѓушев, Дацевски, Божиновски, Трајчевски, Илиевски, Николовски, Велковски, Дончевски, Шулинчевски.
ВАРТЕКС: Јурец, Црнковиќ, Матковиќ, Роњиќ, Родиќ, Крлежа, Храин, Пикл, Пинтариќ, Свибен, Франчешкин.
Видео: