Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Овој викенд без ФК Вардар
Овој викенд без ФК Вардар

Овој викенд без ФК Вардар

Викенд без ФК Вардар ќе треба да поминат љубителите на црвено – црниот шампион. ФК Вардар овој викенд ”ќе одмара”. Својот нов натпревар од ПМФЛ место во предвидениот термин во недела од 14 часот, ќе го одигра во вторник со почеток во 14 часот. Оваа одлука дојде од ФФМ бидејќи во сабота на Градскиот стадион игра ФК Работнички, а преку еден ден несмее да се игра фудбал на исти стадион, па поради ова Вардарци ќе играат во вторник.

Токму затоа и  Вардар вчера одигра тест натпревар против младинската екипа, на која издвојуваше победа од 6-0. Инаку во вторник наш противник ќе биде тимот на Брегалница од Штип. Оваа сезона имаме позитивен биланс против овој штипски тим, па очекуваме таа позитивна серија да продолжи и ова коло.