Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Динамо Киев пресилен за Вардар
Динамо Киев пресилен за Вардар

Динамо Киев пресилен за Вардар

Вардар поразен и на вториот тест дуел во Анталија. Попладнево апсолутно заслужено и без поголема мака, Динамо Киев го совлада нашиот Вардар со резултат 4:0 (3:0). Разликата во класи помеѓу овие две екипи е голема, а Вардар може само да учи од ваквите натпревари.

Вардар уште по првите десет минути го загуби натпреварот и имаше негатива од два гола. Вардар во првиот дел имаше посед на топка, но Динамо Киев е преискусна екипа со одлични индивидуалци па ја казни секоја грешка на играчите на нашиот тим, а имаше и неколку шанси да дојде до поубедливи 3:0 на полувреме. Головите паднаа во 5. минута преку Сидорчук и во 7.минута преку Бујалски. Убедливите 3:0 ги постави Дуелунд во 29. минута од дуелот. Вардар во првиот дел играше со првиот состав.

grfd

Вардар добро го отвори вториот дел. Имаше посед на топка, створи и по некоја шанса, но без посериозна закана кон голот на противникот. На стартот од вториот дел освен Гачевски кој излезе а на негово место во игра влезе Илиќ, остана истиот тим, со исклучок на Младеновски кој влезе во 41.минута во игра. Се играше 65.минута кога Васоски се одлучи да го промени целиот состав. Во игра влегоа Попзлатанов, Колевски, Реџепи, и уште низа на млади играчи. Во 66. минута Илиќ добро одбрани по една корна на противникот и спаси нов гол. До крајот на мечот младиот тим на Вардар за жал направи пенал, а противникот реализираше за 4:0, конечни на овој дуел.

Во недела нов дуел, Вардар игра против Бачка Топола од Србија, шанса за прва победа во Анталија.