Младинците на ФК Вардар го добија натпреварот од 2.коло во младинската лига против екипата на Ренова. Црвено-црните со три бода се враќаат од гостувањето во Тетово каде триумфираа високо со резултат 0:4
Тренерот Ивановски го започна дуелот со следниот состав: Стојковски, Јовановски, Симев, Шабани, Мицевски, Илиев, Хасани, Давидовски (К), Гуџуфи, Мирков, Исени.
И со преполовен состав, младинскиот состав на Вардар успеа да излезе како победник во дуелот со „гипсарите“. Слично како на кадетскиот, така и на младинскиот дуел на двете екипи, Ренова беше во подредена улога, додека Вардар беше екипата која го диктираше темпото на игра, создаваше шанси и постигнуваше голови. Во 19. минута од натпреварот видовме евро-гол на Антонио Мирков кој од слободен удар го матираше голманот на домашниот тим, навистина прекрасен гол на Мирков кој прецизно биеше во горниот десен голмански агол за предност од Вардар од 0:1. Во овој дел од дуелот не видовме друга посериозна шанса на двете страни, црвено-црните имаа посед на топка, но освен ударот на Дарио Јовановски кој заврши крај голот, немаше некоја поголема прилика за зголемување на водството.
Во второто полувреме го решивме противникот и освоивме нови три бода. Повторно како реализатор се најде Антонио Мирков кој во 47 минута погоди за 0:2 на асистенција од Исени. И покрај негативата, Ренова не се реши да нападне, едноставно делуваше немоќно, а нашиот голман Лука Стојковски немаше многу работа на овој натпревар. Победникот беше решен во 65 минута кога Ринор Исени од 20.метри со прецизен удар по земја погоди за водство од 0:3, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите од овој натпревар во младинската лига. Обид имаше и Гуџуфи, но голманот го прочита неговиот удар. Сепак овој играч до крајот на дуелот се запишува во листата на стрелци. После направен фаул над Хасани во шеснаесетникот на домаќинот, главниот судија оправдано покажа на белата точка. Одговорноста ја превзеде Гуџуфи кој погоди за предност од 0:4 во 71 минута, резултат кој беше и конечен на овој дуел.
Во игра влезе уште и Филип Трајковски, кој исто така имаше обид во последните минути од натпреварот. Ова е многу голема победа за оваа екипа на Вардар, која денес настапи во ослабен состав со оглед дека недостасуваа играчи. Со максимални шест освоени бодови, Вардар останува на врвот во младинската лига.