Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом. пионери на ФК Вардар со “лекција“ за Шкендија, избраниците на Марковски со четири голови убедливо го добија дербито
Пом. пионери на ФК Вардар со “лекција“ за Шкендија, избраниците на Марковски со четири голови убедливо го добија дербито

Пом. пионери на ФК Вардар со “лекција“ за Шкендија, избраниците на Марковски со четири голови убедливо го добија дербито

Помладите пионери на ФК Вардар успеаа да слават во дербито со екипата на Шкендија. Избраниците на Љупчо Марковски денес беа подобра екипа на теренот и славеа со резултат од 4:1. Стрелци на головите за Вардар беа: Трајановски, Мирков, Крстевски и Омерагиќ.

pp

Тренерот Марковски стартуваше со следниве 11-сетмина: Станковски, Асани, Петејчук, Костовски, Крстевски, Салиу, Трајановски, Речица, Мирков, Стојановски, Гугуљанов.

Првиот удар кон голот на противникот го имаше Харбин Речица, но голманот на Шкендија го брани неговиот удар. Вардарци беа многу подобра екипа на теренот и уште од стартот на мечот се обидуваа да го отворат резултатот. Следните две шанси во нашиот состав ги имаше Али Асани, кој во првиот обид шутираше покрај гол, а потоа топката заврши над голот на противникот. Најголемата прилика за водство ја имаше екипата од Тетово, но за наша среќа одбранетатат топка од Станковски, заврши само во стативата од нашиот гол. Вардар врати исто така со голема прилика, се играше акција од десната страна кога продре Мирков ја нафрли топката во противничкиот шеснаесетник, на неа наиде Петејчук кој ја погоди пречката од голот на Шкендија, по што резултатот се уште остана непроменет. Иницијативата вроди со плод, кога избраниците на Марковски успеваат да го отворат резултатот. Се играше 22 минута кога Дамјан Трајановски со силен удар успева да ја затресе мрежата на противникот и да поведе со 1:0.

pp5

Набрзина имавме голема шанса да ја зголемиме предноста, но удаот на Крстевски од непосредна близина го брани голманот на Шкендија, Астрит Амзаи. Во 34 мнута Вардар постигнува уште еден гол преку Антонио Мирков, кој на нафрлена топка од корнер со глава успева да ја погоди мрежата и да зголеми на 2:0.

pp4

Во вториот дел при нафрлена топка имавме можност да постигнеме уште еден гол, но топката ја погоди стативата. Прва измена во нашито состав. На местото на Трајановски, во игра влезе Фазлиу. И покрај предноста, црвено-црните имаа поголем посед на топка и се обидуваа да постигнат нов гол. Сепак Шкендија имаше добра шанса за намалување на резултатот, но нивниот удар завршува за малку покрја голот на Станковски. Нов гол на натпреварот и тоа повторно во мрежата на Шкендија.

pp2

Се играше 61 минута кога Петејчук асистираше до Крстевски, кој со глава од непосредна близина погодува за водство од 3:0. Стрелецот на вториот гол Мирков ја напушти играта, за на терен да влезе Мујас Демири. Шкендија успева да постигне гол директно од слободен удар и да го намали резултатот на 3:1.

pp6

Нова измена во нашите редови, Омерагиќ во игра на местото на Стојановски. Тренерот Марковски им даде шанса за настап на сите играчи. Теренот го почуствуваа Хасани, Кузевски и Величковиќ. Нововлезениот Азер Омерагиќ се запишува во лситата на стрелци и го зголемува водството на 4:1. Ова беше и конечен резултат на крајот од натпреварот.

pp3

Ова беше втора сезонска победа за помладите пионери на ФК Вардар кои добро ја започнаа новата сезона, кои имаат и еден нерешен резултат.