Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар се подготвува за дуелот со Пелистер
Вардар се подготвува за дуелот со Пелистер

Вардар се подготвува за дуелот со Пелистер

По еднонеделната пауза поради репрезентативните селекции, овој викенд, в недела, се враќаат возбудувањата во ПМФЛ.

Како што е добро познато, со новите измени, Вардар овој викенд ќе гостува во Битола кај вечниот ривал, тимот на Пелистер. Овој меч е без поголемо резултатско значење за “црвено – црниот” тим со оглед на тоа што шансите за титулата се одамна загубени. На нашиот неделен ривал пак, сите натпревари до крајот на првенството ќе му бидат од големо значење, бидејќи “зелените” оваа сезона се борат за опстанокот во елитата.

Дуелот на Пелистер и Вардар в недела, ќе биде одигран со почеток во 15.00 часот.