Friday ,13 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во сабота стартува новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории, прв противник за црвено-црните ќе биде екипата на Ренова
Во сабота стартува новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории, прв противник за црвено-црните ќе биде екипата на Ренова

Во сабота стартува новата сезона во првенството на младинските фудбалски категории, прв противник за црвено-црните ќе биде екипата на Ренова

Во сабота стартува новата натпреварувачка 2017/18 сезона во првенството на младинските фудбалски категории. Противник во првото коло за нашите екипи ќе биде Ренова од Тетово. Пионерските екипи во недела гостуваат на противникот, додека кадетите и младинците во сабота на теренот во населбата Јане Сандански ги пречекуваат врсниците од Ренова.

Во недела со почеток од 10 и 12 на теренот во Тетово, своите натпревари ќе ги одиграат пионерските екипи. Вардаровата генерација родени “2002“ година или помлади пионери оваа сезона за прв пат ќе се натпреваруваат во првенството. Тие претходните две години настапуваа во детската и регионалната скопска лига и ова за нив ќе биде ново искуство и еден голем предизвик за докажување. Љупчо Марковски-Калц кој изминатите две години беше тренер на младинците, во новата сезона ќе биде тренер на помладите пионери. Пионерите или генерација “2001“ во новата сезона ќе бидат предводени од Сашо Тодоровски, кои веќе успеаа да освојат трофеј на турнирот “Скопје куп„ кој се играше во нашиот главен град. Претходните две години оваа генерација, како помлади пионери освоија второ и трето место во првенството.

Кадетите и младинците ја отвараат новата сезона на домашен терен во населбата Јане Сандански. Во истата саатница и тие ќе ги играат своите натпревари само еден ден порано, односно во сабота. Генерацијата родени “2000“ година, која оваа сезона за прв пат ќе се натпреварува како кадети е една од најуспешните генерации на ФК Вардар во последните три години, која успеа да освои три национални купа, еднаш да биде шампион на Македонија и во два наврати да го освои “Скопје куп“. Новиот тренер, Влатко Колев само треба да ја продолжи успешната работа, која претходно ја извршуваше Рап-Тап. Младинците ќе се обидат со триумф да ја отварат новата сезона и да стигнат до три бода во дуелот со Ренова. Оваа генерација која ја сочинуваат играчи родени 1999 година ќе бидат предводени од Петар Ѓорѓиевски кој претходните две години работеше со генерацијата “2002“ на ФК Вардар.

Во пресрет на новата сезона, помладите пионери во петок со почеток од 10:00 часот на терените на ФФМ ќе одиграат натпревар со една година помалата генерација на академијата на ФФМ, која ги има селектирано најдобрите играчи од цела Македонија. Тие оваа сезона ќе се натпреваруваат во две возрасни генерации, но нивните натпревари нема да се бодуваат. Се надеваме на добар почеток на сезоната за сите генерации на фудбалскиот клуб Вардар, кои оваа сезона ќе бидат дел од првенството и купот на Македонија и највисок пласман на крајот од сезоната.