Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Во сабота започнува новата сезона во детската фудбалска лига, Вардар ќе се натпреварува со шест генерации
Во сабота започнува новата сезона во детската фудбалска лига, Вардар ќе се натпреварува со шест генерации

Во сабота започнува новата сезона во детската фудбалска лига, Вардар ќе се натпреварува со шест генерации

Претстојниов викенд стартува новата сезона во детската фудбалска лига. Оваа сезона ќе се натпреваруваат и генерации родени “2009“ и “2010“ година, додека генерацијата “2004“ е дел од регионалната скопска лига. Вардар ќе учествува со сите генерации, а првото место од минатата сезона го бранат генерациите родени “2005“ , “2007“ и “2008“ година. Речиси сите генерации кои ќе бидат дел од детската лига имаат нови тренери. Вардаровата генерација “2005“ ќе ја предводи Ане Андовски, генерација “2006“ ја тренира Сашо Јанев, Томче Трајановски по една година повторно е тренер на генерација “2007“, додека генерацијата “2008“ продолжува со Павел Неделковски. Дебитантите во новата сезона на детската лига, генерација “2009“ ќе ја предводи Златко Танески, додека најмалата генерација родени “2010“ година ќе биде под водство на Зоран Петковски. 

Ова е распоредот на одигрување натпревари за сите наши генерации, кои натпреварите ги играат во недела, со исклучок на генерацијата “2008“ која своето прво коло ќе го игра во сабота, додека одложено е колото за генерациите родени “2006“ и “2007“ година. Повозрасните генерации “2005“, “2006“ и “2007“ ќе играат на терените на ФФМ, додека помалите “2008“, “2009“ и “2010“ година ќе се натпреваруваат на терените на ФК Работнички.

Распоред на натпревари во недела: 

Вардар (1) генер. “2005“ – Викторија  12:30

Вардар (2) генер. “2005“ – Башкими  13:40

Вардар (1) генер. “2006“ – Шкупи  09:00 ( одложено)

Вардар (2) генер. “2006“ – Скупи  10:00  (одложено)

Вардар (1) генер. “2007“ – Сарај  10:00  ( одложено)

Вардар (2) генер. “2007“ -Гоблен  12:00  ( одложено)

Натпреварите за генер. “2008“ се закажани за во сабота:

Вардар (1) генер. “2008“ – Њу Старс  1  12:00

Вардар (2) генер. “2008“ – Башкими  14:00

Дебитантите, момчиња родени “2009“ и “2010“ година играат во недела:

Вардар (1) генер. “2009“ – Башкими  13:30

Вардар (2) генер. “2009“ – Шкупи  15:00

Вардар (1) генер. “2010“ – Њу Старс  09:00

Вардар (2) – генер. “2010“ – Фаст  09:45