Нема одмор за момците на ФК Вардар. Во среда нашиот црвено – црн тим оди на дуел во Охрид, и тоа против ресенчани, тимот на Младост ЦД. Овој натпревар треба да се одигра во среда со почеток во 13 часот и 30 минути во Охрид. Младост ЦД оваа сезона го паметиме по добро, на стадионот во Ѓорче нашиот тим каде што беше домакин, го доби овој тим со убедливи 6-1, на тој натпревар нашите момци одиграа еден убедлив натпревар со многу голови. Очекуваме така да биде и во среда.
Нашите играчи по вчерашните 0-0 со Шкендија, останаа лидери на табелата во ПМФЛ, со еден бод предност пред Шкендија.