Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во среда, пионерските екипи го играат одложеното 7.коло против екипата на Брегалница
Во среда, пионерските екипи го играат одложеното 7.коло против екипата на Брегалница

Во среда, пионерските екипи го играат одложеното 7.коло против екипата на Брегалница

Утре на теренот на Академијата, одложеното 7 коло во првенството на младинските фудбалски категории ќе го одиграат пионерските екипи на Вардар, кои за противник ја имаат екипата на Брегалница.

Помладите пионери ќе се обидат да ја прекинат серијата од два меча без победа и да се вратат во горниот дел на табелата. Сепак за противник го имаат тимот на Брегалница кој се наоѓа на третото место, па избраниците на Деспотовски ќе имаат тешка задача за да стигнат до трите бодови. Дуелот ќе започне од 10:00 часот на теренот на Академијата.

Можност да се вратат на победите ќе имаат и пионерите на Вардар, кои би требало да имаат полесна задача од нивните помлади колеги. Во оваа возрасна категорија, екипата на Брегалница се наоѓа на последното место на табелата со само четири освоени бодови, штипјани се сеуште без победа, со четири нерешени резултати и исто толку порази. Избраниците на Кралевски се лидери на табелата со четири бодови повеќе од екипата на Рботнички. Утрешниот дуел на пионерските екипи стартува од 12:00 часот.