Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар во недела гостува кај Воска Спорт

Вардар во недела гостува кај Воска Спорт

IMG_20230420_102645

ФК Вардар викендов во рамки на 25 коло, од 2 МФЛ го игра еден од клучните натпревари за пласман во првата лига.

Гостуваат црвено-црните кај тимот на ФК Воска Спорт, натпреварот ќе се игра на стадион Билјанини извори, Охрид.  Дуелот е закажан за во недела, 23 април со почеток во 16:00 часот. Како што најавија од домаќинот на мечот нема да има публиката.