Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Време е за градско дерби, Вардар по 3/3 пролетва
Време е за градско дерби, Вардар по 3/3 пролетва

Време е за градско дерби, Вардар по 3/3 пролетва

Време е за градското фудбалско дерби помеѓу Вардар и Работнички. Четата на Александар Васоски ќе се обиде денеска да ја круниса одличната форма и по победите над Македонија ЃП и Борец, да го добие и третиот свој натпревар оваа пролет, овој пат против тимот на Работнички кој исто така има две победи на воведните два меча.

Васоски нема ништо да менува во почетниот состав. Гачевски ќе биде на голот, во одбраната Најдовски, Новак и Тошевски. Во средниот ред ќе делуваат Мицевски и Адем, крила ќе бидат Жуниор и Брдаровски, додека пак задолжение за головите денеска ќе бидат Цветаноски, Попзлатанов и Аврамовски. Кај противникот најголемата опасност ќе доаѓа од младиот супер талент Тошевски.

Последни пет меѓусебни натпревари: 
22.11.2018 Вардар - Работнички 0-1
29.03.2019 Работнички – Вардар 0-2
08.05.2019 Вардар - Работнички 1-1
24.08.2019 Вардар - Работнички 2-0
26.10.2019 Работнички – Вардар 0-2