Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втор ден на турнирот “Караорман куп 2015“ ,генерациите на Фк Вардар продолжуваат со победи
Втор ден на турнирот “Караорман куп 2015“ ,генерациите на Фк Вардар продолжуваат со победи

Втор ден на турнирот “Караорман куп 2015“ ,генерациите на Фк Вардар продолжуваат со победи

Вчера се играа натпревари од вториот ден на традиционалниот турнир “Караорман куп 2015“, на кој нашите малди генерации продолжија со настапите.

Фк Вардар генерација “2005“ вчера одиграа два натпревари, и на двата забележаа убедливи победи. Најпрво беа поуспешни од екипата на Фк Талент Битола совалдувајќи ги со 0:5. Со истиов резултат ги победија и своите врсници од Штип. Фк Постолов Пандев немаше никаква шанса во дуелот со нашите момчиња(0:5) и ги снајде истата судбина како и претходниот противник. Со овие дуели, оваа генерација ги заврши настапите во групата со максимален учинок. На табелата го заземаа првото место, со вкупно 9 освоени бодови. Во првото коло, бевме подобри од екипата на Дрита од Боговиње(0:3). Гол разликата е импресивна за овие момчиња, без примен погодок а дадени 13. Генерација “2005“ директно се пласираше во полуфиналето, кое е на програмата во недела.

Фк Вардар генерација “2003“ по воведната победа против Професионал Скопје(0:8), забележа уште еден триумф и еден нерешен резултат. Најпрво ремизираа со екипата на Фк Талент од Битола(1:1). Во последното коло од групата Вардаровите момчиња беа убедливи против Фк Вардар од Брвеница(Тетово), совладувајќи ги со високи 8:1. Во групата го освоија второто место, со вкупно 7 освоени боови и гол разлика 17:2. Исто и оваа генерација се пласираше во полуфиналните дуели.