Победа и на вториот контролен натпревар за Азербејџан, кој со резултат 2:1 беше подобар од Македонија У16.
Избраниците на Дашмир Беари имаа предност од 1:0, но противникот со два гола во последните четири минути од натпреварот успеа да направи резултатски пресврт и на крајот да слави минимален триумф.
Во старните 11 беа Милош Спасовски и Лука Атанасовски, додека во вториот дел во игра влезе и Емир Шаботиќ.