Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > (ФОТО) Втора победа за ФК Вардар генер. “2003“ на турнирот “Пандев 2018„ совладана екипата на Национал
(ФОТО) Втора победа за ФК Вардар генер. “2003“ на турнирот “Пандев 2018„ совладана екипата на Национал

(ФОТО) Втора победа за ФК Вардар генер. “2003“ на турнирот “Пандев 2018„ совладана екипата на Национал

Втора победа за помладите пионери на ФК Вардар, на силниот меѓународен турнир, “Пандев 2018„, Избраниците на Филип Деспотовски со нов убедлив триумф, овој пат против екипата на Национал од Бугарија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 3:0.

38132847_2144071162289168_355313856894992384_n

Со вториот гол на овој турнир, Георг Стојановски успеа да му донесе предност на Вардар од 1:0, овој резултат беше актуелен и на полувреме. Во вториот дел, тренерот Деспотовски направи неколку измени, а токму нововлезените играчи успеаа да постигнат уште два гола во мрежата на бугарите. Најпрво на 2:0 резултатот го зголеми Петре Тасески, за во листата на стрелци да се запише и Харун Алими, кој ги постави конечните 3:0 на натпреварот.

vardarfans-kraj vardarfans-zagrevanje

ФК Вардар: Стојковски (c), Марковски, Давков, Трпезановски, Ѓорѓоски, Стојчевски, В. Стојановски, Ќосески, Андрески, Прелоговски, Г. Стојановски.

Ова е втора победа на турнирот за генерацијата “2003„, откако вчера во првото коло ја победија и екипата на Беласица (1:3). Утре го играме последното коло во групната фаза, а противник е домаќинот на турнирот, тимот на Академија Пандев.