Вардар ја запиша првата победа сезонава на домашен терен. Попладнево “црвено – црните” во еден одличен натпревар со многу шанси, ја совладаа Македонија ЃП со резултат 1:0 (1:0). Пофалби и за “Комитите”, кои денеска одлично го бодреа својот тим до нова победа.
Вардар и Македонија ЃП одиграа одлично прво полувреме со многу шанси и на двете страни. Нашиот тим во првиот дел имаше неколку изгледни шанси за голови. Уште во 4. минута Барсегјан можеше да постигне гол, но од пет метри биеше а Јовановски го одбрани неговиот удар. Потоа шанси имаа и Јуфо и Цветаноски, но без реализација. Во 41. минута беше досуден чист пенал за Вардар. Матеј Цветаноски влезе одлично во шеснаесетникот на противникот, беше побрз од Јовановски, кој направи пенал. Успешен реализатор со својот трет гол сезонава беше Тигран Барсегјан за 1:0. Гостите во првиот дел имаа три супер шанси, но Гачевски на три наврати одлично одбрани и спаси голови за противникот.
Вo вториот дел, првите 10-сетина минути му припаднаа на гостинот кој се обидуваше да притисне и да створи некоја шанса за гол пред голот на Гачевски. Во 60. минута, Вардар за прв пат се закани во вториот дел, Барсегјан од 25-метри биеше само во еден од гостинските играчи и топката замина во корнер за нашиот тим. Во 62. минута Жуниор одлично продре, биеше малку одкосо, а Гачевски уште еднаш одлично одбрани и топката замина во корнер за гостите. Првата замена кај Вардар беше извршена во 64. минута, излезе Јуфо а во игра влезе Најдовски. Иницијативата на гостите продолжи и понатаму, кои се обидуваа да створат некоја шанса пред нашиот гол, додека пак нашите играчи мирно без поголеми шанси го чуваа резултатот. Во 78. минута во игра влезе и Попзлатанов на местото на Цветаноски. До крајот на дуелот немаше поголеми возбудувања, па така со резултат 1:0 заврши дуелот во Маџари.