Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Втора пролетна победа во детската лига за Фк Вардар генер. “2002“
Втора пролетна победа во детската лига за Фк Вардар генер. “2002“

Втора пролетна победа во детската лига за Фк Вардар генер. “2002“

Денес на терените на фудбалската федерација на Македонија продолжија натпреварите од детската лига. Фк Вардар генерација родени “2002“ година ја забележаа втората пролетна победа, откако беа подобри од екипата на Нова Колонија. Конечниот резултат на овој меч гласеше 3:0.

Екипата на Нова Колонија се покажа како незгоден противник и “тврд“ орев за нашите млади надежи. Сепак квалитетот дојде до израз во вториот дел, кога со три одлични голови успеавме да го победиме противникот. Првата посериозна прилика беше во “режија“ на Харбин Речица, кој одлично се ослободи од противничкиот играч и шутираше од 20 метри, но само во пречката на противничкиот гол. Уште една шанса за Вардарци, овој пат Дарко Димитров пласираше топка, која голманот со крајни напори ја исфрли во корнер. При една акција од корнер, капитенот Далибор Костовски шутираше со глава над голот на Н. Колонија. Се редеа шансите за нашиот тим, Дамјан Трајановски се обиде од слободен удар, топката заврши покрај левата статива. До крајот на првото полувреме резултатот остана непроменет, а за одбележување се поништениот гол на Вардар од сомнителна офсајд ситуација и најголемата прилика за противникот да го отвори резултатот, откако нашиот голман со прекрасна интервенција спречи негатива.

Во второто полувреме првата шанса ја имаше Леонид Игнатов, откако биеше од слободен удар, но противничкиот голман успешно интервенираше. Веќе во следната акција, успеавме да ја затресеме противничката мрежа. Леонид Игнатов успеа со неверојатен удар од повеќе од 20 метри да го матира голманот на Н. Колонија. Вардарци продолжија со нападите, по една акција на Фазлиу и Трајановски се укажа можност да го загрозиме голот. Во следните минути, повторно Фазлиу во обиди да постигне гол, најпрво биеше од голема далечина, за две минути подоцна да биде прекраток во обидот да стигне центар шут од левата страна. Со голот на Дарко Димитров веќе успеавме да поведеме со 2:0. Акцијата почна од Фазлиу, кој додаде до Димитров кој стрелаше прецизно. Вардар не застана со нападите и постигна трет гол во мрежата на Нова Колонија, за конечен резултат од 3:0. Последниот погодок беше дело на Андреј Стојанов, кој сам излезе со противничкиот чувар на мрежата и погоди во голот.

Фк Вардар: Величковски, Ѓоргиевски, Симев, Костовски, Пешевски, Давидовски, Гугуљанов, Речица, Трајановски, Игнатов, Димитров.

Резерви: Станковски, Томиќ, Асенов, Крстевски, Шабани, Величковиќ, Стојанов, Веловски, Фазлиу.