Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вчера на Академијата на ФК Вардар одбележан денот на фудбалот и пријателството
Вчера на Академијата на ФК Вардар одбележан денот на фудбалот и пријателството

Вчера на Академијата на ФК Вардар одбележан денот на фудбалот и пријателството

Вчера и  во Македонија, како и низ повеќе од 200 градови ширум низ светот, започнаа активностите за промоција на мирот, пријателството, еднаквоста и здравиот животен стил – се во рамки на интернационалниот Ден на Фудбалот и Пријателството (25. Април). Десетици илјади деца и возрасни учествуваат во рамки на различни манифестации, пријателски натпревари, отворени тренинг сесии, маратони и спортски настани. Учесниците во активностите по повод овој неверојатен светски настан добиваат и официјална поддршка од страна на познатите професионални фудбалски ѕвезди, тренери, ТВ водители, медиумски личности, уметници и државни институции.

hj

Нашата земја е по втор пат е дел од проектот “Фудбал за Пријателство“, под покровителство на Газпром А.Д., во чии рамки се одбележува овој интернационален ден. По овој повод, Младите Амбасадори од Р. Македонија – Максим Цониќ (Млад Фудбалер од подмладокот на ФК “Вардар“) и Ева Јакимовска (Млад Новинар, ученик во основното училиште “Стив Наумов“ од Скопје) заедно со проф. д-р Наташа Мешковска и познатата Вардарова фудбалска легенда – Илија Најдоски, технички Директор на ФК “Вардар“ беа дел од првата “Академија за Пријателство“ во рамки на Фудбалската Академија на ФК “Вардар“.

Целосна информација за настанот на официјалниот сајт на Вардар -тука!