ВАНЧО БАЛЕВСКИ – Легендарниот фудбалер на Вардар роден е на 3 јули во вардаровата 1947 година во Скопје. Со своите 128 погодоци на вкупно 379 одиграни натпревари во „црвено-црниот“ дрес, популарниот Змија е еден од десетте најдобри стрелци во историјата на клубот. За тимот на Вардар започнува да игра во сезоната 1968/1969 настапувајќи во клубот и во наредните седум сезони се до 1975 година. По завршувањето на фудбалската кариера како активен играч, беше и асистент во вардаровиот стручен штаб предводен од Ѓоко Хаџиевски кога Вардар под нивно водство доминираше во воведните сезони од македонското фудбалско првенство.
Ванчо Балевски ја минува изолацијата во семејниот дом, опкружен со внуците, а и понатаму владее со „бубамарата“ топката. Погледнете го видеото на играчот кој во својата кариера го носеше дресот на Вардар, сплитски Хајдук и Карлсруе.