Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Уште на стартот да покажеме дека и оваа сезона сме најдобри

Уште на стартот да покажеме дека и оваа сезона сме најдобри

Денеска започнува новата сезона во ПМФЛ. И оваа сезона, како и минатата, за титулата ќе се борат само две екипи. Ждребот сакаше уште на самиот старт токму силите да ги одмерат двата конкурента за титулата, тимовите на Вардар од Скопје и Шкендија од Тетово.

Вардар и оваа сезона влегува со најголеми шанси за нова титула, Вардар и оваа сезона е далеку поквалитетен тим од Шкендија. Тоа денеска играчите на Вардар треба да го покажат на жешкото гостување во Тетово. Вардарци на овој натпревар ќе настапат ослабени, поради заминувањето на Балотели во Катар, сега Вардар нема кваличен шпиц играч. На денешниот дуел би требало најистурен во нашиот тим да биде Барсегјан, додека пак по крилните позиции да настапат Блажевски и Којашевиќ, или пак можеби и Брдаровски.

Натпреварот започнува со почеток во 17 часот, пренос на ТВ Нова.