Преостануваат уште точно 20 дена до почетокот на пролетниот дел во ПМФЛ. Вардарци одбраната на титулата ќе ја започнат на домашен терен против секогаш незгодниот тим на Ренова од Тетово. Се надеваме дека од оваа пролет фудбалерите на ФК Вардар ќе забележуваат убедливи победи во македонскиот шампионат, и ќе ни донесат уште една титула во низа.
Од друга страна пак, очекуваме веќе од натпреварот со Ренова, се повеќе и повеќе гледачи да доаѓаат на Градскиот стадион, и со песна да го поддржуваат македонскиот шампион Вардар.