Тимот на Зенит пристигна во Скопје без двајца првотимци. Манчини на утрешниот дуел во Скопје нема да смета на најголемото и најскапото засилување ова лето од Рома, Леандро Паредес и рускиот репрезентативец, Олег Шатов. И двајцата добија одмор од Манчини.
Допатувани фудбалери во Скопје се:
Андреј Лунев, Михаил Кержаков, Максим Рудаков, Бранислав Ивановиќ, Миха Мевлја, Емануел Мамана, Игор Смолников, Максим Карпов, Јуруј Жирков, Доменико Кришито, Денис Терентјев, Матијас Краневитер, Александр Ерохин, Емилијано Ригони, Далер Кузијаев, Кристијан Нобоа, Себастијан Дриуси, Артем Џуба, Дмитриј Полоз и Александр Кокорин.