Тимот на Зенит иако е лидер во шампионатот на Русија, сепак, се соочува со слаба реализација. Тимот на Роберто Манчини нема постигнато погодок повеќе од 200. минути.
Последен пат стрелец на еден погодок за Зенит бил Кокорин во 61. минута против Амкар. Од тогаш Зенит одигра две нерешени средби 0:0, со тимовите на Ростов и Динамо Москва. Зенит по девет одиграни кола се наоѓа на лидерската позиција во својот шампионат со еден бод повеќе пред тимот на Локомотив Москва.
Се надеваме дека серијата без постигнат погодок на Зенит ќе продолжи и на натпреварот во Скопје.