Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Зенит утре пристигнува во Скопје
Зенит утре пристигнува во Скопје

Зенит утре пристигнува во Скопје

Противникот на Вардар лидерот на табелата во рускиот шампионат, тимот на Зенит утре доаѓа во Македонија – Скопје. Русите утре изутрина се очекува да пристигнат во главниот град и да се запознаат со условите кои ги нуди нашиот стадион на кој ќе се одигра натпреварот во четврток.

Зенит официјалниот и единствен тренинг треба да го има утре вечер на Градски, исто како и нашиот тим. Вообичаено, прес – конференцијата на двете екипи ќе се одржи исто така утре во просториите на Фудбалскиот клуб Вардар.

Натпреварот на овие две екипи ќе се одигра во четврток со почеток во 21;05 часот.