Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Зголемен интересот за купување на карти, за натпреварот на Вардар во ЛШ
Зголемен интересот за купување на карти, за натпреварот на Вардар во ЛШ

Зголемен интересот за купување на карти, за натпреварот на Вардар во ЛШ

Фудбалскиот клуб Вардар уште пред недела дена ги пушти во продажба билетите за реванш натпреварот на арената “Филип Втори“ , помеѓу екипите на Вардар и Апоел. Цената е симболична и изнесува само 100 денари. Уште пред да се одигра вчерашниот натпревар беа продадени околу 5. 000 карти, што говори за зголемениот интерес на љубителите на овој спорт во Македонија. Сега откако се одигра првиот натпревар во Кипар, на кој останавме непоразени и заврши 0:0, интересот да се дојде до карта е многу поголем и секојдневно расте.

Вардарци имаат големи и изгледни шанси за пласман во третото квалификациско коло, а за тоа да се оствари ќе им биде потреба голема поддршка од своите навивачи. Навивачката група Комити-запад полека се мобилизира и се подготвува во голем број за спектаклот кој следува. Секој кој сеуште не набавил билет за овој натпревар може да го стори во следниве денови., на следниве продажни места.

продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово,Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Југотон ГТЦ 1 кат
Универзална Сала – Скопје
Тобако – МПМ ПРЕС
Тобако Дрводекор
Тобако 2 – Скопјанка
Тобако Супер 8
Њу Тобако – Охрид,
Алпине Спорт – Тетово
Оранж Тобако – Тетово