Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Викендов : КОМИТИ со две гостувања на мечевите на РК Вардар и ФК Вардар , ЖРК Вардар има клучен меч во ЛШ
Викендов : КОМИТИ со две гостувања на мечевите на РК Вардар и ФК Вардар , ЖРК Вардар има клучен меч во ЛШ

Викендов : КОМИТИ со две гостувања на мечевите на РК Вардар и ФК Вардар , ЖРК Вардар има клучен меч во ЛШ

Повторно ни престои бурен спортски викенд пред нас во кој трите тима фудбалскиот и двете ракометни секции на Вардар ќе имаат важни дуели во натпреварувањата во кој се борат за највисок пласман . Фудбалскиот има меч од домашната Македонска фудбалска лига , а ракометните секции на Црвено-Црните мечеви во најсилната европска лига на Шампионите .

Вардар не е Вардар ако ги нема оние најверните препознатливите и секогаш оданите на својот љубимец Комити Скопје . Комити викендов ќе дадат подршка на двата тима на кој се верна сенка . Машкиот ракометниот клуб Вардар игра исклучително важен дуел во лигата на европските шампиони со тимот на Висла Плок во рамки на 1/8 финалето . Комити ќе тргнат од Скопје за Полска со цел да бидат огромна подршка на ракометарите на Раул Конзалез . Навивачките од Скопје ќе поминат многу километри за својте љубимци во салата на ова исклучително клучно гостување на првиот меч од двомечот со тимот на Висла да не бидат сами . Мечот се игра во Сабота 14 Март и истиот ќе можете да го проследите низ директен пренос на Алфа ТВ .

10523764_10203788656979076_318162296_n

 

Но Комити не би биле тоа што се број еден навивачка група ако не го следат Фудбалскиот клуб Вардар на секаде низ земјава каде што гостуват Црвено-Црните .  По првото коло каде гостуваа во Кратово и вчерашниот дуел каде во неатрактивен термин беа во солидна бројка Комити во недела за дестинцаија го имаат малото село Турново во југо-источна Македонија . ФК Вардар иде нагости кај тимот на Хоризонт Турново како лидер на табелата во желба да ја продолжи победничката низа пролетва . Мечот е закажан за 14-00 часот најверојатно за сите кој не се во можност да заминат за Турново ќе има линк на веб-страната на ФК Вардар. Подршката на најверните на овој дуел е повеќе од потребна бидејќи Хоризонт знаел да го намачи Вардар на дуелите кој се играат во Струмица .

И третиот тим на големото семејство ЖРК Вардар викендов има клучен дуел од лигата на европските шампиони во Спортскиот Центар Јане Сандански каде ќе го нагости тимот на Динамо Синара . Овој меч ќе биде шанса да се пробиеме до поволната за нас втора позиција на табелата во нашата група , но дополнителен проблем е и тоа што треба да се победи со гол повеќе од разликата со која Динамо не порази и да се чекаат резултатите на другите конкуренти . Вардарки се вратиа по лошате игри со серија од две победи ова е шанса да се стигне до третата последователна победа за избраничките на Индира Кастратовиќ .Скопската публика ќе се обиде на својте Црвено-Црни девојки да им даде дополнителен елан во се надеваме полната сала . Мечот е закажан за 19-00 часот во Сабота 14 Март во С.Ц Јане Сандански .