Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Нека се разбуди духот од Кале, нека пука, нека се тресе, нека грми од сите страни
Комити: Нека се разбуди духот од Кале, нека пука, нека се тресе, нека грми од сите страни

Комити: Нека се разбуди духот од Кале, нека пука, нека се тресе, нека грми од сите страни

Големата победа на Вардар во Манхајм е само мотив повеќе за сите вардарови навивачи да дојдат во Јане Сандански, на 16.февруари кога го играме дербито на колото во ЛШ, против екипата на Веспрем. Официјалната страна на Комити Скопје после триумфот против Рајн-Некар ги повика сите свои членови да го наполнат Јане Сандански, за поддршка на Вардар. Во истото се вели:

Победаааааа !!!
Рајн Некар – РК Вардар 27:30 !!!
Може ли да има подобра покана на 16.02 да го накрцаме до даска Јане Сандански и да предизвикаме една голема ерупција на подзаспаниот вулкан?
Нека се разбуди духот од Кале, нека пука, нека се тресе, нека грми од сите страни !!!

Билетите речиси и да се распродадени, така што Веспрем го чека вистински пекол во Скопје.