Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Дојди во сабота и не го заборавај шалот
Комити: Дојди во сабота и не го заборавај шалот

Комити: Дојди во сабота и не го заборавај шалот

Утре со почеток од 14:00 часот, екипата на ФК Вардар е домаќин на Детонит, на натпревар во МВФЛ. Црвено-црните на секој натпревар имаат голема поддршка од своите Комити, кои и утре најавуваат силна поддршка за својот милени. Нивниот текст ви го пренесуваме во целост:

ДОЈДИ ВО САБОТА И НЕ ГО ЗАБОРАВАЈ ШАЛОТ!

Борбата за клубот станува се потешка. Иднината станува се понеизвесна. Остануваат само најверните – затоа немој твоето место на трибината да биде празно. Биди тука кога на Вардар си му најпотребен!

Влезот на овој натпревар за секој што ќе дојде со шал, ќе биде слободен!

ФК Вардар – ФК Детонит Плачковица (04.03.2023)

Стадион: Борис Трајковски (Маџари)

Собир: Пред стадион | 13:00ч
Билет: Без шал 100 ден.
Ајде Вардар! ⚫️