Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Каде одите ние со вас сме, НАПРЕД ВАРДАРЕ!
Комити: Каде одите ние со вас сме, НАПРЕД ВАРДАРЕ!

Комити: Каде одите ние со вас сме, НАПРЕД ВАРДАРЕ!

Вардар во минатото коло успеа да ја прекине серијата од два порази и да слави на домашен терен против екипата на Македонија Ѓ.П. Во недела не очекува нов дуел, тоа е гостувањето во Струмица, кај екипата на Беласица. Навивачката група Комити најавува присуство на овој дуел, на својата официјална страна го напишаа следното:

По судиската лакрдија во Тетово, нашата пролет започна со победата над Македонија во Маџари…
Таму се собравме сите оние кои вистински го сакаме Вардар во секоја ситуација, ја дадовме нашата поддршка со која дојдовме до првата победа оваа пролет, победа која не врати чекор напред на табелата.
Али кој ти гледа табела и резултати ако нашиот Вардар дава се од себе на теренот, а кога е така пак ретко кога резултат и нема.
Струмица е нова можност за врзување две победи едноподруго, но и супер можност за дружба на екипите и сите безнадежни случаи заболени од црвено црната треска која не зафаќа овој период и трае се до зимската хибернација…
Каде одите ние со вас сме НАПРЕД ВАРДАРЕ!
Не прашувајте дали има автобуси од управа, дојдете на Железничка на 10.03 во 10:00ч. па макар и цел свет да е против нас, ќе излеземе на крај и Комитска чета ќе биде покрај нашиот Вардар!!!