Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > Комити > Комити со финансиска помош за играчите на ФК Вардар
Комити со финансиска помош за играчите на ФК Вардар

Комити со финансиска помош за играчите на ФК Вардар

ФК Вардар води грчевита борба за пласман во ПМФЛ од следнат сезона, иако не е ни малку лесно, со оглед дека подолг период играчите немаат земено плата. Во пресрет на велигденските празници, играчите и стручниот штаб добија финансиска помош од кој друг, ако не од своите Комити кои средствата од продадените билети, ги подарија на оние кои секој натпревар „гинат“ за црвено-црниот дрес.

Целосното соооштение на Комити ви го пренесуваме во целост:

По натпреварот против Гостивар, дознавме дека “директорот” на клубот, Слободан Крстевски – Цобе, на фудбалерите не им ги исплатил ветените мининални финансии. Човекот кој во секој сегмент ја изневери нашата и довербата на фудбалерите, нема да го коментираме. Не е достоен за коментар!
Би сакале само да ја информираме јавноста, дека како група одлучивме, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, на сите фудбалери, и на стручниот штаб, да им подариме симболична финансиска помош. Знаеме дека тоа не е доволно, дека заслужуваат повеќе, но е искрен гест, со кој јасно порачуваме дека нивната болка е и наша болка.
Приходот од продадените билети, решивме да ги искористиме на овој начин.
Воедно, сакаме да ја информираме јавноста дека пред почетокот на втората полусезона, како група финансиски помогнавме и допринесовме кон тоа да клубот продолжи да функционира. Континуирано помагаме во секој сегмент, од купување медикаменти, преку обезбедување терени за тренинзи, за сите категории фудбалери, до целосна организација на сите тековни натпревари. Сето ова, го правиме со цел, нашите фудбалери – херои, да имаат достојни услови за играње!
За крај, благодарност до илјадниците навивачи, кои ја препознаа нашата борба, кои вчера беа на стадионот во Маџари и околу него. Борбата за Вардар е борба за Македонија. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане. Затоа не може да се уништи!
Борбата продолжува!
341162419_215414247850023_4250749447127307841_n