Вечерва со почеток од 18:00 часот во С.Ц. Јане Сандански, во рамките на 3.коло во СЕХА-лигата Вардар е домаќин на тимот на Татран Прешов. И на овој натпревар популарните Комити најавуваат присуство и поддршка за својот тим.
Победата над Партизан беше само увертира за тоа што следува во петок. Татран едноставно мора да падне!
Комитската армија е Вардаровото најсилно оружје, затоа – МОБИЛИЗАЦИЈА!
Вардарови сме Пасионери – никогаш дезертери!
Собир: 17:00ч | Пред сала
Билет: 100 ден. | Пред влезот наменет за Комити.
За Вардар наш!